Живот

Го изгубија своето дете и сега предупредуваат: Вакцината е неопходна!

Кетрин и Грег Хјуџес објавија потресно видео на Јутјуб за својот, сега веќе покоен син Рајли кои починал како последица од голема (магарешка) кашлица, и затоа сака да ги предупредат другите родители на тоа колку се вакцините важни.

бебе

– Ги чував овие видео клипови за себе и секој пат чувствував како ми се леди крвта додека го слушав својот прекрасен син како кашла. Сега го направивме ова како би можеле да ги едуцираме и другите родители да не погрешат како нас. Би сакала да знаев дека можам да се вакцинирам додека бев трудна со Рајли. Би сакала да го заштитев животот на својот син – напишала Кетрин, мајка на починатото момче.

Откако го изгубија синот, Грег и Кетрин се посветија на тоа да на секоја трудница да и се понуди вакцина против голема кашлица, како би избегнале поголема трагедија која би можела да им се случи на нивните деца.

– Само се надевам дека сите луѓе конечно ќе ја прифатат вистината дека единствено нешто што може да ја минимализира болеста или комплетно да ја спречи, се вакцините – напишала неутешната мајка.

 

 

 

Поврзани вести

Back to top button