ЖивотИзбор на уредникот

Го истетовирал ликот на помладиот брат кој има Даунов синдром: Кога му ја покажал тетоважата, добил најискрена љубов

Членовите на семејството знаат да бидат многу врзани едни за други и да влијаат врз нивните животи. Постарите браќа и сестри имаат големо влијание врз помладите, а овие браќа од Рио де Женеиро му покажаа на светот колку љубовта помеѓу семејството е важна во животот.

Тие ги освоија срцата на луѓето ширум светот по видеото во кое постариот брат му ја покажува својата нова тетоважа на помладиот брат. Рафа на својата рака го истетовирал ликот на помладиот брат Ерик, кој има Даунов синдром. Нивната мајка Соарес Шејла снимила видео кое го објавила на својот Фејсбук профил.

На лицето на Ерик се забележува неизмерната среќа додека го гледа секој детаљ од новата тетоважа која го прикажува како силен и храбар воин.

Со цел тату мајсторот да може да го нацрта Ерик како храбар воин во лавја кожа, Рафа го замолил да му позира за фотографија и да го направи најхрабриот израз на лицето. Дури откако ја видела тетоважата, нивната мајка сфатила што всушност се крие зад таа фотографија.

Видеото кое Соарес го објавила на Фејсбук има над 300 илјади прегледи, 10 илјади лајкови и над стотина коментари од оние кои го погледнале и биле воодушевени од љубовта која ја забележале во нејзиното семејство.

Поврзани вести

Back to top button