ЖивотЗдравјеИзбор на уредникотТоп

Главниот американски здравствен функционер: Социјалните мрежи можат предизвикуваат депресија и анксиозност

Употребата на социјалните мрежи од страна на децата и тинејџерите може да претставува „голем ризик“ за нивното ментално здравје и добросостојбата, предупреди главниот американски здравствен функционер. Во советодавниот извештај објавен вчера, докторот Вивек Мурти ги повика технолошките компании, создавачите на политиките и родителите „веднаш да преземат мерки за да ги заштитат децата“.

– Клучната работа е во тоа што немаме доволно докази за да заклучиме дека социјалните мрежи се всушност доволно безбедни за нашите деца. Тоа е навистина важно родителите да го знаат, кажа Мурти за агенцијата Асошиејтед прес.

Во извештајот објавен во рамки на истрагата за кризата на менталното здравје без преседан кај младите во САД, се истакнува дека сегашните контроли на пристапот до мрежите од страна на децата не функционираат. И покрај тоа што за повеќето платформи минималната возраст е 13 години, речиси 40 отсто од децата од осум до 12 години се редовни корисници.

Се истакнува дека бројот на адолесценти кои имаат проблеми со депресија и анксиозност ќе порасне за речиси 30 отсто, а дека социјалните мрежи се јасен фактор.

Белата куќа формира нова работна група за децата и здравјето и безбедноста на интернет. Задача на групата ќе биде да ја идентификува потенцијалната штета која ја претставуваат онлајн платформите и да смисли алатки дизајнирани за борба против проблемите.

Во последните години расте загриженоста поради влијанието кое популарните онлајн платформи го имаат на децата. Френсис Хојген во 2021 година откри дека Фејсбук и Инстаграм ги насочувале младите корисници кон штетни содржини, вклучувајќи материјали кои промовираат анорексија, и дека исклучително таргетирале деца помлади од 13 години.

Една интерна студија од матичната компанија на Фејсбук, Мета, покажала дека 14 отсто од тинејџерките кажале дека нивните самоубиствени мисли се засилиле кога го користеле Инстаграм, додека 17 отсто кажале дека ги влошува нарушувањата во исхраната.

Поврзани вести

Back to top button