Градоначалникот на ДУИ во општина Пласница Исмаил Јахоски запиша уште еден во низата тендери кои ги добива од државата. За последниот неговата фирма Пуцко Петрол ќе инкасира нови 50.000 евра.
Претходно, Јаоски ги доби и тендерите за набавка на нафта во Град Скопје за кои инкасираше дури 15 милиони евра.
Порталот МКД.мк направил анализа за вкупниот број на тендери кои оваа фирма ги добила од Владата во последните година и половина.
Според анализата на МКД, во која се објавени официјални документи од Бирото за јавни набавки, Јахоски добил неверојатни 395 тендери за кои неговата фирма инкасирала дури 34,56 милиони евра.