Избор на уредникотМакедонија

Ги прозва ли Арсовска СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: 30 години немало маж да им се спротистави, oткривме луѓе кои во Германија си возат камиони, а од тука си земаат плата (ВИДЕО)

Повеќе случаи на лица кои се водат како вработени во градското претпријатие „Комунална хигиена“ а сега се наоѓаат на работа во Германија, откри денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.

-Треба да се стави крај на овие луѓе кои земаат плата, а не доаѓаат на работа. Замислете, ние откривме луѓе кои си се во Германија си возат камиони, а од тука им стигнува плата од претпријатието, рече Арсовска на денешната прес-конференција заедно со директорката на ЈП „Комунална Хигиена“ Косана Мазнева.

Таа нагласи дека над триесетина лица земале повисока плата и до 35 проценти, а ниту еднаш не се појавиле на работа и дека платата им била еден вид „џепарлак“ кој го земале од 1 до 15 до месецот. Исто така, додаде дека дури 43 лица од едно семејство работеле во претпријатието на различни позиции.

Арсовска рече дека на Мазнева треба да и се даде целосна поддршка.

-Мазнева ги детектирала сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец, пред 25 јуни, кога реагира соодветно, кога почна со сите постапки, па мафијашките структури одлучија да се пресметаат со неа. Јас не дозволувам никој да нè манипулира тука, најмалку против една жена, која се нафати со едно претпријатие со 1.400 вработени, кое било во заложништво на ликови, семејно поврзани, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна. Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува по 30 години. Ако мислите дека со еден ден се прави сериозна пријава – се лажете. Затоа треба оваа жена да ја поздравите сите, да ѝ кажете браво, им рече Арсовска на новинарите.

Поврзани вести

Back to top button