Свет
Француска телевизија го прикажа Балканот во нови граници
Француската државна телевизија France 2 во кадри, емитувани во врска со миграциската криза и мигрантите во Србија, покажа карта на Балканот, на која територијата на Босна и Херцеговина е присоединета кон Србија, соопштува Sarajevo Times.
Кадрите се емитувани за време на централна новинска емисија.
Босанското издание вели дека во пренесената вест немало ништо проблематично освен дека на картата, Србија била претставена сосема погрешно.
Во нејзините граници влегува целата територија на Босна и Херцеговина.
Моментот можете да го видите на 21:24 минути во следното видео!