Живот

Фотографијата со лимони на оваа жена и го спаси животот

Американката Ерин Стим Чиз, сподели една необична фотографија на својот Фејсбук профил и според таа фотографија, таа сфатила што значи рак на дојката и си го спасила животот.

-Во претходните неколку денови примив многу пораки на Фејсбук само со еден обичен стикер во форма на срце, кое би требало вас да ве асоцира на свеста за ракот на дојката кај жените, вели таа.

Одоговорот на сите овие пораки пристигнати на нејзиниот Фејсбук таа го дава во продолжение:

-Седејќи на Фејсбук забележав една фотографија од еден пријател кој му постирал на друг негов пријател фотографија како изгледа ракот на дојката, не како го чувствуваме, туку како тој изгледа. Она што го видов на фотографијата во декември минатата година сфатив дека тоа истото го имам и јас на мојата дојка, веднаш знаев дека имам рак. Се обидов да почувствувам дали имам рак, но немав никакви симтоми кои доведуваат до болеста. По само пет дена мене ми дијагностицираа рак на дојка, а веќе следниот месец и дека ракот се развива во четврт стадиум, вели таа.

-Јас и покрај тоа што знаев што е рак на дојка, знаев се за само прегледите, јас додека не ја видов таа фотографија јас не знаев дека имам рак. Да не ја видев фотографијата немаше да знам дека сум болна од рак, вели Ерин.

-Јас на пронајдов оваа фотографија која е многу слична на онаа оригиналната која ја видов. Ве молам да престанете да праќате само пораки до мене бидејќи тоа не ја подигнува свеста на јавноста и со тоа вие не придонесувате ништо!

Ако навистина сакате да помогнете на некој кој има рак или не дај боже на некого кој се уште не знае дека има рак споделете ја оваа фотографија.

Јас би сакала да ја споделам и оргиналната фотографија со вас, бидејќи таа мене ми го спаси животот, вели Ерин во нејзиниот фејсбук статус, а фотографијата за само неколку часа дигна прашина на социјалните мрежи и сигурно придонела за спасување на нечии животи.

rak1

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button