ЖивотИзбор на уредникот

Фотографијата на бебе излекувано од тешка форма на Ковид-19 им влева надеж на Италијанците

Во Северна Италија, регионот најпогоден од пандемијата на коронавирус, две лица се успешно излекувани, и покрај предвидувањата на лекарите кои им давале минимална шанса за преживување.

Детето поминало 50 дена во болницата борејќи се со смртоносниот вирус, а неговата фотографија, направена откако тој излезе победнички, го обиколи светот.

На фотографијата, малиот позира, како да испраќа посебна  порака.

Леонардо неодамна беше отпуштен од болницата и се врати во својот дом во општината Корбет во Ломбардија, а градоначалникот Марко Баларини го нарече прекрасно лице на надеж.

„Денес имаме причина да се насмееме и да бидеме среќни. Денес можеме да се чувствуваме дел од заедницата“, рече Баларини во изјавата.

„Многу ти благодарам, Лео, и им благодарам на твоите родители кои е се откажаа. Тие го донесоа летото во срцата на сите жители на Корбет“, додаде тој.

Мајката на момчето за локалните медиуми изјави дека била многу загрижена, особено во текот на долгите ноќи.

„Не би и го посакала тоа на ниту една мајка. Знаев дека Лео ми се разболе кога се појави треска и срцето почна брзо да ми чука. Мојот сопруг имаше соработник со коронавирус“, рече таа.

Поврзани вести

Back to top button