Фото
Фото: Викторија Лоба како холивудска убавица

Деновиве социјалните мрежи и светските медиуми се преплавени со фотографии од црвениот килим на Оскарите, па заслепени од холивудскиот гламур, за момент помисливме дека фотографијата на пејачката Викторија Лоба е од некоја светска ѕвезда.
Македонските дизајнери не ретко ја ангажираат убавата русокоса да позира во нивни креации, а овој пат дизајнерка Билјана Каран објави фотографија од нејзината драга соработничка Лоба која позира во ракошна црвена тоалета со висок шлиц.