ФОТО+ВИДЕО: Граѓаните на грчки град ги пречекуваат бегалците со свински глави
Грчките власти почнаа да ги евакуираат мигрантите од бегалскиот камп Идомени на границата со Македонија, соопшти денеска полицијата.
Осум автобуси однесоа вчера околу 400 мигранти од кампот Идомени кон центрите за сместување во регионот, Катерини и Вериа. Уште десетина автобуси чекаа денеска да ги земат мигрантите, кои тргнаа да го напуштаат кампот, најмногу семејства со деца, пренесе БТА.
Жителите на Вериа протестираа против оваа одлука на грчките власти за пренесување на бегалците од Идомени во нивниот град. Тие по патот каде што треба да поминат бегалците фрлаа свински глави.
Тие исто така е обиделе да ги спречат автобусите со бегалците да поминат, при што интервернирала полицијата.
Според официјални податоци, утрово во Идомени имало 11.603 лица.