Фото: Страшни детали од монстуозниот напад на Србите во Косово!
Објавено:
вторник, 8 декември 2015 во 10:17
Албанците вчера во Гораждевац пукаа во куќите во кои српските деца спиеа, за голема среќа никој не настрада.
Албанците пукале од автомобил во 2:45 го урнале споменикот со жртвите од НАТО бомбардирањето, кој се наоѓа во центарот на селото, пукале во куќата на Саше Петровиќ, го запалиле автомобилот на Србољуб Колашин, а потоа пукале во куќата на Милунка Букумириќ, па на крај испукале неколку рафали на Драш Вуковиќ.
Зорана Портиќ Петровиќ, сопруга на Саше Петровиќ во чија куќа Албанците испукале 7 куршуми се уште е во шок и е многу исплашена. Таа изјави дека куршумите прелетале во непосредна близина на креветот во кој спиело нејзиното 7 годишно дете и дека нејзиниот сопруг за влакно ја избегнал смртта бидејќи, пред 5 минути искочил од тоалетот каде што куршумите завршиле. Во српска куќа во селото Гораждевац кај Печ меѓу неделата и понеделникот од автомобил во движење извршен е вооружен напад.
