ФОТО: Девојче со леукемија донира 1.300 играчки за деца болни од рак

Објавено: четврток, 24 декември 2015 во 21:24
Spread the love
Осумгодишно девојче со леукемија го одушеви светот со својот гест. Таа барем за момент заборави на својата болест и израдува деца кои водат тешка борба со ракот.

1donacii-igracki1

Малата Сејди организира добротворна акција за да собере подароци за болни дечиња кои се принудени да го поминат Божиќ во болница.

Со помош на мајка си, Сејди ја започна акцијата „Sadie’s Sleigh“ (Санката на Сејди).

donacija-igracki

Нејзината несебична постапка резултираше со околу 1.300 донирани подароци кои ќе измамат насмевка на лицата на многу болни деца.

Целта на Сејди била да собере 300 играчки, но на нејзина голема радост, добродушни лица донирале речиси 1.300 подароци.

1donacii-igracki