Фото

ФОТО: Перо Антиќ се појави со автомобил вреден 200.000 евра!

Фудбалерите на Црвена звезда на првиот собир пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната се појавиле со куп луксузни автомобили за кои обичниот човек може само да сонува, но останале без здив кога на паркингот се појавил нашиот Перо Антиќ со својот – ретко виден „ѕвер“, објави порталот Спорт 1.

Додека традиционално подобро платените членови на фудбалската секција на црвено-белите возат скапоцени верзии на автомобили од марките Мерцедес, БМВ, Ренџ Ровер и други, македонскиот интернационалец може да се види во Ферари Калифорнија.

Станува збор за автомобил вреден околу 200.000 евра, според пишувањата на српските колеги, кој до 100 километри на час достигнува за само 3,5 секунди, максимална брзина му е 315 километри на час и има турбо мотор.

Антиќ одамна важи за вљубеник во скапи автомобили, а пред сѐ како колекционер на миленичиња на четири тркала од американската марка Мустанг.

Поврзани вести

Back to top button