Избор на уредникотСвет

ФОТО: Овој Руски специјалец побарал херојски да загине за таковината

Припадникот на руските специјални сили го насочил нападот на авионот на својата положба, кога во текот на првите борби за Палмира го обиколиле припадници на Исламската држава.

“Нашиот специјалец е убиен во близина на Палмира, а настрадал така што нашите авиони на негово барање ја бомбардирале положбата на која се наоѓал. Го обиколиле припадници на ИСИС, а тој херојски ја донел таа одлука”, изјавил извор од воздухопловната база Хмеим за агенцијата “Interfax”.

specijalec

Истиот извор навел дека рускиот командос на задача минал речиси една седмица, вртејќи се околу Палмира од каде во базата дојавувал координати за локацијата на која се наоѓаат џихадистите.

“Загина како херој. Не сакаше да падне во рацете на џихадистите, туку да ги докрајчи, па макар тоа значело и негова смрт”, рекол воениот извор.

Сириските војници во четвртокот влегле во древниот град Палмира, кој е под контрола на ИСИС подолго време, и се сè поблиску до тотално преземање на контролата над градот.

Дел од транскриптите од разговорот помеѓу командата и рускиот специјалец

Команда: Вратете се на сигурна позиција, повторувам вратете се на сигурна позиција

Руски специјалец: Пред мене се извршите воздушен удар веднаш! Ве молам побрзајте ова е крај, кажете му на моето семејство дека ги сакам и дека сум се борел за мојата татковина.

Команда: Негативно, повторувам вратете се на позиција.

Руски специјалец: – Не можам команданте, опколен сум, пред мене се, не сакам да ме заробат да си поигруваат со мене и мојата униформа. Сакам да загинам достоинствено и да го однесам овој џган со мене. Ме молам исполнете ми ја последната желба, извршите воздушен напад и без тоа ќе ме убијат.

Команда: Ве молам потврдете го барањето:

Руски специјалец: Опколен сум, пред мене се, не сакам да ме заробат и да си поигруваат со мене извршите воздушен удар одма! Ве молам побрзајте, ова е крај, кажете му на моето семејство и на таковината дека ги сакам и дека сум се борел храбро. Збогум генерала осветете ја мојата смрт.

Командата без одговор наредува воздушен напад.

Поврзани вести

Back to top button