ФОТО: Нарко дилерите полудуваат во преполниот затвор – Уринираат едни по други, спијат на смени во пот
Немаат место за да се протегнат или да се свртат, мажите се ставени во затвор кој е наменет за една петтина од својата моментална популација. Затворот во градот Куерзон во Манила, Филипини е преплавен со стотици затвореници кои немаат место ни за спиење, откако актуелниот претседател Родриго Дуерте ја превзел власта. Активистите за човекови права и верските институции се загрижени.
Воздухот е застоен и се чувствува потта на затворениците. Мажите се напикани во простории во кои нема место за спиење, па на смена ги одмараат главите на подот или на некое друго место. Многумина овој затвор го нарекуваат пекол, пишува Daily Mail.
Гужвата во затворите ширум Филипините настанала со доаѓањето на претседателот Дуерте на власт. Тој во предизборната кампања ветил дека ќе ја исчисти државата од дрога и криминал, како и дека ќе погуби повеќе од 100.000 злосторници во првите шест месеци од превземањето на власта. Од неговата победа во мај оваа година се убиени повеќе стотици наводни криминалци, некои од страна на полицијата, а некои од страна на одмазници.
Статистиките покажуваат дека од 1 до 24 јуни оваа година се погубени 293 осомничени корисници и дилери на дрога. Верските институции и активистите за човекови права се плашат дека тој број е многу поголем.
Бидејќи се продолжува строгото казнување, активистите се плашат дека гужвите во затворите само ќе се влошат.
Еден од затворениците, Марио Димакуланган, раскажал за условите во затворот Куерзон: тој го дели тоалетот со 130 затвореници, а условите се толку катастрофални што многу затвореници не знаат како да издржат. Димакуланган, кој во затворот е веќе 14 години додека неговото судење за убиство и грабеж се развлекува, вели дека многу затвореници полудуваат.
„Не можат да размислуваат нормално. Толку е пренатрупано. При најмало движење наидувате на нешто или некого“, вели тој.
Зградата на затворот е изградена пред 60 години и дизајнирана да собере околу 800 затвореници. Сепак, денес во неа има пет пати повеќе луѓе – повеќе од 3.800.
Затворениците константно се борат за место за спиење, па така некои спијат на кошаркарскиот терен во дворот. Но, ситуацијата е уште полоша кога врне бидејќи тогаш не може да се спие на теренот.
Според истражување на Институтот за криминологија во Лондон, филипинскиот казнен систем е третиот најзагушен во светот: во затворите ширум земјата има пет пати повеќе затвореници отколку што можат да примат.
Од доаѓањето на новата власт, полицијата пријавила дека уапсила повеќе од 4.300 луѓе поради дрога. Претседателот Дуерте ги повикал полицајците за тројно зголемување на нивните напори во истребување на дрогата бидејќи, како што тврдел, таа се заканува од Филипините да направи нарко – држава.