(ФОТО) Мисицата после 14. спонтани абортуси родила близнаци
Ирската манекенка Росана Дејвисон беше „Мис на светот“ во 2003. година. Денес е мајка на три деца и е посреќна од кога и да било порано, но патот до мајчинството не и бил лесен.
Имено, со сопругот Веса Квирке минатиот месец ги доби близнаците Хуго и Оскар, додека нивната сурогат мајка го роди девојчето Софија, една година пред тоа. Росана искрено признала дека имала дури 14 абортуси, пренесува веб-страницата Everymom.ie.
Врз основа на сопственото искуство, таа споделила неколку совети на Инстаграм со сите млади мајки.
„Пред една година немавме деца, а сега имаме три. Кога пристигна Софија, не знаевме како да менуваме пелени, а сега тоа го правиме со затворени очи. Со текот на времето, сè доаѓа на свое место и станува полесно“, рече поранешната мисица.
Иако луѓето бегаат од рутината, таа истакнува дека тоа е клучно.
„Со добра организација, секогаш ќе најдете неколку минути за себе, дури и со три бебиња во куќата“, додала таа.
38-годишната жена предупредила дека новите родители мора да се подготват за фактот дека детето ќе стане главна тема на сите разговори во куќата, но исто така признала дека понекогаш сонува за деновите кога била послободна.
„Мојот сопруг и јас често зборуваме за промена на пелените, но исто така се обидуваме да зборуваме и за други работи. Се сеќаваме на времето кога излегувавме на вечера и се прашуваме кога ќе се повтори. „Можеби за две години, а можеби и за 10“, рекол тој.
На крај, таа го спомнала и недостатокот на сон, проблем со кој се соочуваат скоро сите млади родители.
„Софија нè научи дека нема да умреме ако спиеме само четири часа во ноќта“.
Фото: Instagram/rosanna_davison