Фото
Фото: Мис Русија со Новак Ѓоковиќ на плажа во Дубаи
Атрактивната Русинка Викторија Лопирева на социјалните мрежи се пофалила дека се запознала со најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
Лопирева неодамна била избрана за амбасадор на Светското првенство кое во 2018 година ќе биде одржано во Русија. Таа е поранешна Мис на Русија, а се занимава со новинарство и манекенство.
Атрактивната русинка на плажа во Дубаи го запознала Жоковиќ, кој игра на тениски турнир.
– Со мојот омилен тенисер и прекрасен човек. Среќно на турнирот – напишала Русинката под фотографијата.
Покрај Викторија и Новак на фотографијата се нејзина пријателка и Марк Стилитано, еден од најдобрите пријатели на првиот рекет на светот.