Свет

ФОТО: Мафијаши на полицијата ѝ оставаат скршени черепи по улиците

Полицијата е немоќна – им преостанува само да ги запишуваат пукотниците, убиствата, нападите со молотови коктели…

Последниот пат кога една голема фракција се издвоила од криминалната организација Јамагучи – Гуми, Јапонија пет години ја потресувале брутални конфликти на Јакузите (јапонска мафија). Голема е веројатноста дека сега историјата се повторува, бидејќи јапонската полиција објавила дека од таа организација се издвоила групата Кобе Јамагучи – Гуми.

Во саботата во централната бизнис зграда на организацијата Јамагучи – Гуми во Мито Сити, прво се забил камион, а потоа напаѓачите ја изрешетале зградата со куршуми. Не поминало долго време, а потоа друг камион удрил во друга зграда од организацијата, овој пат во перфектурата Мие. Веќе утредента напаѓачите ја изрешетале зградата на одметничката организација во перфектурата Ибараки.

mafija2

Откако, приближно во август, дошло до последниот конфликт меѓу Јакузите, јапонската полиција забележала најмалку 20 конфликти: тепачки, пукотници, напади со возила на згради, молотови коктели и најмалку едно брутално убиство, и тоа на самиот лидер на изворната организација Татсујуки Хишиде, кого го пронашле во неговиот дом со заврзани раце и нозе и глава искршена со метална цевка, пишува порталот Express.hr.

Јамагучи – Гуми во превод значи „Организација на цветови од љубовните цреши“. Јакузите исто така тврдат дека воопшто не станува збор за групи кои се занимаваат со организиран криминал, туку дека се занимаваат исклучиво со хуманитарна работа. Одредени кланови тврдат дека „Бог да чува, тие никогаш не би се судриле, бидејќи се – браќа“.

mafija3

Меѓутоа, нивните лидери признаваат дека во „хуманитарната работа“ по некоја случајност, сепак се вбројуваат и рекетирање, уцени и изнуди, но тврдат дека Јакузите не ги малтретираат обичните граѓани.

За тоа колку јапонската полиција не успева да им стави крај на Јакузите, покажува и тоа што Јамагучи – Гуми минатата година славеле стота годишнина од нивното постоење.

Конфликтите особено зачестиле од јануари. Прво се испоубиле во квартот Кабукичо во Токио, познат и како кварт на црвените светла. Потоа, припадниците на старата организација, само на неколку метри оддалеченост од зградата на локалната управа, им ги искршиле черепите од асфалтот на припадниците на отпадниците.

Поврзани вести

Back to top button