Свет
Фото: Фатен мигрант педофил кој силувал 7-годишно девојче

Мигрантите кои живеат во импровизираниот камп Идомени, го зедоа законот во свои раце, откако фатија осомничен нивни колега-мигрант во силување на 7-годишно девојче. На фотографиите од грчко-македонската граница се гледа како група мигранти насилно водат маж, облечен во џемпер и маскирни панталони.
Фотографот не успеа да потврди дали девојчето кое се гледа зад уапсениот педофил, е неговата жртва.
Во моментов во Грција се блокирани околу 46 000 мигранти, откако неколку балкански земји ги затворија своите граници. Од нив околу 14 000 се наоѓаат во кампот Идомени.