Живот

ФОТО: Два часа го држеле во раце своето мртво бебе, а потоа се случи Божјо чудо

Среќата за раѓањето се претворила во кошмар. Додека Кејт се уште се обидела да го сфати тоа што и го соопштил докторот, во прегратки цврсто го држела безживотоното тело на својот син. Тие се надевале дека ќе заплаче, но докторот им кажал дека е мртов.

Два часа го држеле во раце своето мртво бебе, а потоа се случи Божјо чудо (ФОТО)
Австралијанката Кејт Ог и нејзиниот сопруг Дејв со нетрпение го очекувале раѓањето на своите близнаци.

Девојчето Ели веднаш по раѓањето почнало да плаче, додека малиот Џејми после 20 минути реанимација е прогласен за мртов.

Среќата за раѓањето се претворила во кошмар. Додека Кејт се уште се обидела да го сфати тоа што и го соопштил докторот, во прегратки цврсто го држела безживотоното тело на својот син. Тие се надевале дека ќе заплаче, но докторот им кажал дека е мртов.

Медицинскиот персонал излегол од собата, а мајката и таткото го прегрнале ладното тело на бебето и легнале со него. Лежеле цели два часа и не го одвојувале погледот од бебето.

Сакале да го згрејат со своето тело. Тие и понатаму не можеле да поверуваат дека е мртов. Наскоро почнало да се чувствува тресење на неговото тело, но докторите кажале дека тоа понекогаш се случува.

Овој брачен пар со години се обидувал да има деца и не можеле да го поднесат фактот дека Џејми е мртов.

Меѓутоа тогаш се случило нешто што не може да се замисли. После два часа контакт со кожата на мајката и таткото, момчето почнало да дише.

Кејт не можела да поверува и мислела дека е премногу добро за да биде вистинито. Докторите биле шокирани.

Џејми е жив. Среќниот татко кажал: “За среќа имам храбра жена која ги слуша своите инстинкти, само поради неа Џејми е уште со нас”.

После неколку дена во болница, двете бебиња се пуштени со своето семејство и си заминале дома.

Поврзани вести

Back to top button