ФОТО: Данската принцеза Мери сама ги носи своите деца во градинка на велосипед
Данската принцеза Мери, како и голем број нејзини сонародници, е голем љубител на велосипедите.
Но, она што предизвика големо внимание ширум светот е фотографијата на која е прикажана принцезата Мери како нејзините деца ги носи во градинка со велосипед и тоа по снег и студено време.
Медиумите оценуваат дека на овој начин принцезата Мери не само што се грижи за животната средина, туку и не ги троши парите на даночните обврзници и не се одвојува од обичните граѓани, како што тоа го прават многу други припадници на кралските семејства, кои за вакви случаи користат луксузни возила.
Фотографијата на која прицезата Мери на минусна температура ги носи своите близнаци во градинка на велоспед, стана вистински хит на социјалните мрежи и предизвика многу воодушевувања.
– Мери е одличен пример за своите деца и за голем број родители, е само еден од коментарите под објавената фотографија.