ФОТО: Четврта жртва на дрога – Ова е Мирјана која беше пронајдена мртва во изнајмен стан
Дваесет и едногодишната Мирјана М. која рано утринава беше пронајдена мртва утринава во изнајмен стан во Белград, полицијата се сомнева дека причината за смртта е предозирање со екстази.
Во моментот на смртта со неа во станот бил 20-годишниот М.М. со која наводно била излезена претходната вечер.
На Мирјана ѝ се слошило утрината, а момчето повикало Брза помош. Меѓутоа, кога лекарот пристигнал само можел да констатира смрт.
Инспекторите во станот пронашле трагди кои укажуваат дека девојката користела екстази. На телото немало видливи траги на насилство.
Нејзин познаник вели дека Мирјана била ведра, весела и полна со живот. Не се дрогирала, но често била во друштво на луѓе кои користат екстази.
Според неофицијални информации на Курир.рс, Мирјана имала срцеви проблеми и користела лекови.
Мирјана е четврта жртва на дрога изминатиотв месец во Србија.