Врвен физичар од Харвард тврди дека можеби открил остатоци од вонземско вселенско летало на дното на океанот, пренесе „Дејли Мејл“. Професорот Ави Лоеб верува дека метеорот со име IM1 потекнува од меѓуѕвездениот простор, а неговиот тим пронашол 50 ситни фрагменти од железо во форма на топка.
Професорот рече дека мора да потекнуваат од некоја природна средина различна од Сончевиот систем или некоја вонземска технолошка цивилизација. Тој со години тврди дека Земјата можеби била посетена од технологија која не е од планетата.
Во 2017 година, меѓуѕвезден објект наречен Оумуамуа поминал низ Сончевиот систем и додека повеќето научници верувале дека тоа било природен феномен, професорот Леб тврдел дека има повеќе од тоа. И покрај критиките тврдел дека досега покрај Земјата минале повеќе вакви меѓуѕвездени објекти.
Во негова одбрана застана еден од неговите студенти кој во 2019 година докажа дека огнената топка која патувала со голема брзина во 2014 година е метеорот IM1, кој е исто така бил со меѓуѕвездено потекло.
Воздушното триење го запали метеорот во воздухот додека паѓал кон Земјата, оставајќи зад себе трага од капки на стопено железо. Тоа се случило на 8 јануари 2014 година
Лоеб со неговиот тим Галилео, има мисија со моќни магнети да ги извлече од Пацификот овие меѓуѕвездени метални фрагменти. Лоеб открил дека метеорот е поцврст и има материјална сила што е поголема од која било вселенска карпа што ја открила НАСА.
Тој не ја отфрли идејата дека овие мистериозни железни остатоци од него би можеле да бидат првиот тврд доказ дека вселенски брод од вонземска технолошка цивилизација се урнал на нашата планета.
За време на двонеделното патување низ Пацификот, кое ќе заврши оваа недела, тимот на Галилео ќе го пребара морското дно за траги од отпадот на IM1, со длабокоморска магнетна опрема.
„Сферите беа пронајдени првенствено по патеката која ја остави зад себе IM1, наместо во контролните региони оддалечени од него“, рече Лоеб во за едно списание објавено на Medium.com.
Истражувачите донесоа инструменти за анализа на Сребрената ѕвезда, но вистинската работа ќе започне кога Лоеб ќе почне да ги проучува мистериозните железни топки со попрецизна лабораториска опрема.
Откривањето на остатоци покрај брегот на Нова Гвинеја доаѓа во време на зголемено внимание од американскиот Конгрес за НЛО. Неделава, сенаторот Марко Рубио откри дека слушнал од високи функционери дека САД спроведуваат неколку нелегални собирања на соборени остатоци од НЛО.
Лоеб предизвика контроверзии и потроши милиони во потрага по вселенски материјали кои би можеле да бидат докази или артефакти на вонземски цивилизации кои го истражуваат нашиот сончев систем.
Неговите критичари од астрономијата и астрофизиката изразија скептицизам за оваа идеја, како и за теоријата на професорот дека IM1 може да се состои од железо. Сепак се покажа дека грешат.
Лоеб и неговиот тим открија дека железото е доминантна состојка во хемискиот состав на IM1 сферите. Тие тоа го откриле благодарение на анализата на флуоресцентна спектроскопија на Х-зраците.
Наодите се во спротивност со тврдењата на астрофизичарите од канадскиот Институт за истражување на Земјата и вселената, кои тврдеа дека со нивното компјутерско моделирање на однесувањето на IM1 пред да падне на Земјата откриле дека не станува збор за железен објект.
Во лабораторијата, Лоеб и неговиот тим ќе одредат кои атомски елементи и изотопи од остатоците од судирот би можеле да откријат за потеклото на меѓуѕвездениот објект, или можеби дури и за неговите вонземски креатори.