МакедонијаТоп

Фирма со двајца косачи доби два милиона евра за косење трева на автопат – кого ќе позлати директорот од ДУИ, Ејуп Рустеми?

Јавното претпријатие за државни патишта со кое раководи Ејуп Рустеми, кадар на ДУИ, ангажираше приватна фирма од Кичево која за сума од речиси 2,3 милиона евра треба да ја коси тревата, да ги расчистува грмушките и да го собира сметот со патниот појас на автопатските делници во следните две години, нешто што порано го правеше државното претпријатие „Македонија пат“, пишува порталот А1.он.

– Како се краде од тендерот вреден 140.000.000,00 денари кој патем не вклучува само косење на трева туку и собирање смет, но дали сметот се собира тоа можете да го утврдите сами ако поминувате низ автопатот Скопје – Тетово. На оваа слика се гледа дека искосано е само 1/4 од тревата а не до крај, на терен се само двајца работници кои за две години заедно нема да земат повеќе од 20.000 евра, а пазете тендерот е во вредност од 2 милиони евра. И да не заборавиме, трева се коси само 6-7 месеци во текот на годината а не низ целата година. А Македонија сепак е земја со најнечисти автопатишта во Европа а можеби и во светот не знам, не сум бил, напиша Умејр Муамеди од Скопје кој патувал на делницата Скопје-Тетово.

Фирмата Мирсат Комерц од село Челопеци, Кичево го доби тендерот на ЈПДП на 1 март годинава и во следните две години за сума од 140 милиони денари треба да коси трева, да собира плевел од грмушки, да кастри гранки и сече дрва во патниот појас и да чисти и собира смет на делниците Табановце-Богородица (коридор 10), Миладиновци-Хиподром, Миладиновци-Штип, скопската обиколница, Сарај-Тетово, Тетово Гостивар, Хиподром Петровец.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Поврзани вести

Back to top button