Проф. Светозаревиќ им одржа час по македонски јазик и историја на бугарски новинари во Пустец (ВИДЕО)

Објавено: четврток, 25 мај 2023 во 14:15
Spread the love

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера им одржа вистинска историска лекција на бугарските новинари кои беа дојдени да провоцираат откако не успеа планот да се отвори бугарски клуб меѓу македонското малцинство во Албанија.

Професорот смирено и со факти им одговараше на новинарите на прашањата зошто Македонците се против внесување на Бугарите во Уставот, зошто бугарските клубови мораше да бидат затворени и имаше прашање зошто Софија не ги признава Македонците во Бугарија.

Во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ. 300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав.Далли ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија.Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ-ги праша професорот бугарските медиуми.

Тој побара Бугарија да ја признае реалноста и тогаш двата народи можат да бидат најголеми пријатели.

Треба само да го признаете македонскиот народ и да сфатите дека постојат три милиони Македонци во светот.Во дипломатија е јасен реципроцитетот-се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија.Вие го злоупотребувате ветото.Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови