Избор на уредникотМакедонија

Еве зошто не снемува – За 40 години извршени 1.250.000 абортуси во Македонија

Божидар е првото име што почнало да го гради дрвото на животот. Пред 4 години, млада жена од внатрешноста отфрлена  од семејството и околината, била пред тежок животен предизвик – Дали да го абортира плодот што го носи? Сите ја осудувале и единствено место за поддршка пронашла во советувалиштето Лидија, срце што чука, пренесува телевизија СИТЕЛ.

Ја донела вистинската одлука и наскоро нејзиниот син ќе слави роденден. Оттогаш до денес, со совети и поддршка од стручни лица, оваа невладина организација помогнала наместо абортус, да бидат родени и близнаците Јана и Илина, Марија, Дарио и уште четириесетина дечиња.

-Имаме за 5 години 40 бебиња кои биле спасени и уште толку кои биле закажани но не отишле на терминот за абортус, за што претпоставуваме дека и тие биде родени, вели Светлана Јованова директор на советувалиштето Лидија срце што чука

Имаме две немаме услови да одгледуваме трето дете. Семејството ќе ме избрка од дома доколку станам самохрана мајка..ова се најчестите причини кои ги слушаат во советувалиштето. Велат дека не ги присилуваат нивните клиенти за одлуката што ќе ја донесат. Но им укажуваат на предностите од давањето на нов живот, но и последиците од абортусот.

-Многу од нив незнаат со што се соочуваат. Незнаат дека првата бременост и абортусот носат стрес, депресија..но и најстрашното..неплодност кај жените, вели Јовановска.

-Секако, ние им укажуваме на жените дека и доколку одлучат да направат абортус, можат повторно да побараат помош од нас психолозите, вели Александра Митевска, психолог во Лидија срце што чука

Од невладината организација се во постојана комуникација со речиси сите мајки и брачни парови кои поминале кај нив. Oдат на родендени кај децата и така го надополнуваат дрвото на животот.

-Ова се сите родени бебиња кои беа спасени од абортус,  и секако ова не им се вистинските имиња, ги дадовме ние бидејќи организацијата го гарантира правото  правото на дискреција, и сакаме да ги заштитиме и детето и мајката, вели Јовановска

Јовановска вели дека треба да бидат разбиени предрасудите за самохраните мајки кои достоинствено ги одгледуваат нивните деца. Правото на живот е најголемата придобивка.

-Застрашувачки се бројките од невладината Лидија срце што чука..Од 1972 до 2014 во државата имало 1.250 000 абортуси.

Абортусот во државата не е забранет. Но после 12 недела, жената законски мора да помине на комисија и има рок од три дена да ја донесе одлуката.

ВИДЕО НА СИТЕЛ

Поврзани вести

Back to top button