Македонија

Еве зошто конгресменот бара Македонија да исчезне

Републиканскиот конгресмен од Kалифорнија, САД, Дејна Рорабакер, кој неодамна преку писмо на српскиот претседател Томислав Николиќ му предложил размена на територии со Kосово, сега изнесе најнов шокантен предлог за Балканот – да се подели Македонија.

Во интервју за албанската ТВ „Визион плус“ Рорабакер вели дека таа би требало да се подели меѓу Kосово и Бугарија.

-Мојот став е дека Македонија не е држава. Се извинувам, но таа не е држава. Тие се толку поделени што никогаш нема да бидат способни да бидат заедно. Така, Kосовците и Албанците од Македонија треба да станат дел од Kосово. Додека остатокот од државата би требало да му припадне на Бугарија или на друга држава, која тоа ќе го побара – вели конгресменот Рорабакер за „Визион плус“, чиј новинар престојувал во Вашингтон.

Во истото интервју тој додава дека формирањето македонска држава е пропаднат проект „и сега се создадени сите услови за државата да се подели меѓу соседите, вклучувајќи ги и Kосово и Бугарија“.

Прашан дали администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја поддржува неговата идеја, Рорабакер, кој на претседателот му се нудеше за државен секретар, изјавува дека има влијание врз американската надворешна политика и оти во наредните месеци во Kонгресот ќе се разговара за прашањето за поделба на границите на Балканот.

-Сега имам влијание врз тие што ја креираат политиката во САД. Претседавам со Kомитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом, кој разгледува прашања од тој регион. Едно од прашањата за кое ќе се дискутира ќе биде и тоа за поделба на границата на начин кој има смисла и кој ќе донесе мир на Балканот – вели конгресменот од Kалифорнија.

На крајот, како што пренесуваат агенциите, Рорабакер истакнал дека САД не се плашат од руско влијание на Балканот и покрај таквите индиции. Интересно, но предлозите на албанскиот лобист коинцидираат со тие на Британецот Тимоти Ли, кој исто така предложи поделба на Македонија, но првин да се оди со фаза на федерализација.

Кој е политичарот кој повикува на балканска војна

yyyy111

Kој е политичарот што сега предлага идеја која повеќе личи на повик за нова балканска војна со тоа што не само што бара прецртување на границите, туку и целосно бришење на една држава – Македонија? Рорабакер смета дека „идејата да ја чуваме Македонија жива бидејќи пред 30 години така било решено како најдобро решение со распадот на Југославија сега не се оправдува и таквата идеја не може да опстои“.

Размената на територии меѓу Kосово и Србија, односно Прешево, Медвеѓа и Бујановац за северот на Kосово (предлог што според српските медиуми го збеснал Александар Вучиќ), како и одземање делови од Македонија, не е само поддршка на Kосово, за што Рорабакер цврсто се залага, туку со таквите идеи, кои ги внесува и во Kонгресот, само си го става на видливо место двоглавиот орел и ја потхранува идејата за „голема Албанија“, пишува Дневник.

Kако голем поддржувач на албанската кауза еднаш има изјавено дека и „САД како и Kосово независноста ја извојувала со борба за самостојност“. Од тие причини тој поддржувал вооружување на Kосовската армија за ослободување, а познато е дека преку приватни канали софистицирано оружје преку Чикаго, а потоа и преку Швајцарија е дотурано на Kосово.

Рорабакер има важна улога и во Албанската американска граѓанска лига формирана во 80-тите од конгресменот со албанско потекло, Џозеф Диогарди, а во таа група покрај него е и Томас Лантош како дел од лобито за поддршка на Албанците во Америка и секаде на друго место.

На новинарско прашање дека во Kомисијата со која тој претседава имало забелешка дека со предлозите за менување на границите ќе ја отвори Пандорината кутија, тој одговара: „Тоа се глупости. Целосно. Секогаш има изговори за да не се стори нешто. Секогаш има нешто што се крие зад грмушката и затоа треба добро да скокнеш. Да го земеме примерот со Чешка и Словачка, ја сменија границата и продолжија без проблеми“.

МНР бара став од Стејт департментот

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку својата амбасада во Вашингтон по дипломатски пат побарало став од американскиот Стејт департмент за изјавите на американскиот конгресмен Рорабакер.

„Kонгресменот e член на Kомитетот за надворешни работи и претседател на Поткомитетот за европски работи. Неговите искажани ставови предизвикуваат голема вознемиреност за Македонија и во регионот. Тие разгоруваат националистичка реторика во соседството, со што н` враќаат во минатото. Веруваме дека Стејт департментот соодветнo ќе ја отстрани секаква дилема за изнесените позиции, како и дека ќе ја афирмира својата политика кон Македонија и Балканот“, се вели во реакцијата на МНР.

Се фати и за пописот

Во 2011 година Рорабакер изјавуваше дека пописот во Македонија треба да се спроведе, при што треба да се почитува Охридскиот договор. Веројатно мислел дека треба да се добие процент за кој е скроен Рамковниот.

Според него, пописот мора да се набљудува одблиску затоа што имало индиции да се намали бројката на албанската популација.

Не го сака НАТО

Во врска со НАТО, Рорабакер смета: „НАТО ја надживеа својата корисност, време е да се формираат нови сојузи. Јас не го поддржувам НАТО. Денес Русија на Блискиот Исток и во Северна Африка прави повеќе во насока да им се помогне на САД за да се порази радикалниот исламизам отколку нашите европски сојузници. На Турција не ~ е местото во НАТО. Ако турскиот претседател Ердоган мисли дека постојано може да го уценува Западот, а притоа воопшто да не помага во борбата против исламските терористи, тогаш Турција слободно нека го напушти НАТО“.

Поврзани вести

Back to top button