Еве зошто е убиен Гадафи, а Либија е уништена!
Неодамна е откриена електронска пошта на Хилари Клинтон, во која се наведува дека главниот повод за интервенцијата во Либија и убиството на Мохамер ел Гадафи, бил либијскиот план да се напраи валута со златна подлога која би била конкурент на доларот и еврото, пишува американскиот портал „Форин полиси журнал“.Порталот наведува дека американскиот Стејт Департмент кон крајот на декември минатата година објавил нова серија од 3000 мејлови на Хилари, кои содржат докази за војната во Либија.
Признание дека бунтовниците прават воени злосторства, дека во Либија од самиот почеток на антивладините протести делуваат посебни инструктори за специјални операции, дека во опозицијата делува Ал Каеда, дека западните земји водат сплетки околу пристапот на либиската нафта, како и дека златните и сребрените резеви на Гадафи се закана за европската валута.
Многу од изнесените податоци кои се означени како строго доверливи можат да се најдат во мејлвите кои на Хилари и ги праќал нејзиниот информатор Сидни Блументал.Во нив може да се прочита дека на мета на бунтовниците особено биле црнците во војската на Гадафи, кои се убивани по кратка постапка, и дека црнците кои живееле во Либија биле обвинувани за блискост со режимот и биле мета на воени злосторства. Така на пример, од градот Таверга во август 2011 година се протерани околу 30.000 „црни“ Либијци.Порталот коментира дека Хилари Клинтон се чини дека била лично запознаена со злосторствата што ги направиле борците против Гадафи и многу пред да се случат некои од најлошите геноциди.
Мејловите, исто така, го потврдуваат тоа што и од порано беше познато, т.е. дека специјални сили ги обучувале бунтовниците поврази со Ал Каеда. Блументал потврдува дека британски, француски и египетски единици за специјални операции вршеле обука на либиските милитанти еден месец по почетокот на антивладините протести.До 27 март, кога се случи наводното „народно востание“, надворешните оперативци веќе го „надгледувле дотурот на оружје и опрема на бунтовниците“.
Во тоа писмо се наведуваат повеќе причини за активната улога на Париз: да се добие поголем дел во искористување на либиската нафта, да се осигура француското влијание во регионот, да се зголеми угледот на Саркози во земјата, да се зацврсти влијанието на француската воена сила во регионот и да се спречи влијанието на Гадафи во пределите кои Париз ги смета за „Франкофонска Африка“.Дел од писмата говорат и за големата закана на резервоарите на злато и сребро на Гадафи (143 тони злато и сличен износ сребро) за францускиот франк кој циркулира како главна валута во споменатите африкански земји).
Во мејлот се наведува дека планот на Гадафи да го искористи своето злато и сребро за воспоставување на пан-африканска валута на основа на либискиот златен динар, која на земјите од „Франкфонската Африка“ би била алтернатива за франкот.Француските информативни служби го откриле овој план и прзо потоа почнува бунтот. Тоа бил еден од факторите кои влијалеле претседателот Никола Саркози да донесе одлука Франција да ја нападне Либија, бидејќи се јавил страв новиот план за валута да не и овозможи на Северна Африка висока економска независност.Затоа либиската иницијатива да се натпреварува со европскта валута морало да биде спречена со воена агресија, заклучува „Форин плиси журнал“.