Избор на уредникотМакедонијаТоп

Eве што ви е потребно за да се вработите во Германија со македонски пасош

За да заминете на работа на Германија, стручноста треба да ви ја потврдат и тамошните органи, појаснува преку видео-порака, германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, откако во неговата земја, завчера, на сила стапи Законот за доселување на стручни лица. Тој уверува дека оние кои ќе го имаат потребниот документ, но и за нив ќе гарантира работодавач, ќе немаат проблем при аплицирањето за работната виза.

Амбасадорот деталите ги соопшти откако граѓаните се помасовно започнаа да бараат информација што точно е олеснето во процедурата за да се стигне до германска плата.

Од Стопанската комора нагласија дека „одливот на мозоци“ може само дополнително да порасне и предложија властите веднаш да започнат доквалификација на домашните работници, особено во градежниот сектор, за во земјава да не останат само неквалификувани кадри.

Освен градежни работници, во Германија недостасуваат и електричари и медицинари. Новиот закон предвидува 4-годишна работна виза за секој кој има договор или понуда за работа, со можност за продолжување.

Поврзани вести

Back to top button