ЖивотЗдравјеИзбор на уредникот

Еве кои групи на луѓе треба да јадат лимон секој ден: Во состојба е да излекува сериозни болести

Лимонот е оптимален извор на витамин Ц. Овој витамин е важен за производство на колаген и ја помага апсорбцијата на железо од храната.

Доволниот внес на витамин Ц спречува создавање на камен во жолчката, а ефикасно се бори против настинките и поттикнува регенерација на коските.

Лимонската киселина е присутна во лимоновиот сок. Таа не ја намалува pH вредноста, туку ја зголемува (алкализира). Зголемувајќи ја pH вредноста на урината, лимонската киселина помага во растворање на каменчињата во бубрезите и помага во отстранување на амонијакот од телото – производ на метаболизам на протеини.

Д-лимоненот е присутен во кората, а е заслужен за намалување на воспаленијата и нормализирање на шеќерот во крвта. Д-лимоненот е користен за респираторните патологии, па затоа е неопходен за лицата со оштетени бели дробови (по прележано воспаление на белите дробови или астматичари) како и за пушачите.

Ериоцитрин е антиоксиданс кој се наоѓа во лимоновиот сок и кората. Тој во комбинација со други активни супстанци покажал ефект на намалување на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизација на нивото на шеќер во крвта.

Хесперидинот кој го содржи лимонот го намалува оксидативниот стрес и го нормализира васкуларното здравје. Тој ја намалува веројатноста за појава на макуларна дегенерација (дегенерација на центарот за јасен вид кај постари лица), а ваквата супстанца го намалува и ефектот на галактозата, шеќер сличен на глукоза кој се наоѓа во млечните производи.

Диосминот во лимонот ја подобрува еластичноста на крвните садови, а нобелетинот кој е присутен во кората ја намалува шансата за појава на болести поврзани со стареењето и годините.

Еве на кои лица особено им се препорачува консумирање на лимон:

– пушачи

– лица кои се на диета

– сите кои имаат респираторни проблеми

– лица кои патат од дијабетес

– лица кои патат од гихт

– лица со бавен метаболизам

– за љубители на слатките и млечните производи

– лица кои страдаат од варикозни вени

– лица постари од 60 години

Кората е исто така здрава, па затоа многу лекари препорачуваат лимонот да се јаде заедно со кората. Но, пред консумирање на овој начин, одберете органски, непрскани плодови и добро измијте ги со сода бикарбона.

Поврзани вести

Back to top button