ЕУ умира
Бројот на родени лица во Франција и во Европа застрашувачки се намалува, а најалармантна е ситуацијата во Бугарија, се наведува во извештајот на Националниот статистички институт на Франција објавен во „Економик матен“.
Забележан е пад на родени лица во Франција од два отсто во споредба со 2015 година, а во однос на минатата година – 2,7 проценти. Ако продолжи таквиот тренд можно е гофинава во Франција да се родат помалки од 730.000 бебиња.
Францускиот весник наведува дека се уште нема податоци за 2016 година за Европска унија. За 2015 година регистрирани се 5,09 милиони родени наспроти 5,2 милиони починати.
Најалармантен е соодносот во Бугарија со 70.000 родени наспроти 110.000 починати. Во Германија новородените се околу 200.000 помалку од починатите. Во Италија „недостигот“ достигнал до 160.000 лица. Ситуацијата е загрижувачка и во Грција, Романија, Португалија и Унгарија.
„Економик матен“ наведува дека по неколку децении населението во Италија со актуелниот тренд би паднало на 55 милиони жители, од кои поголемиот број би биле стари лица. Не јасно е како би се враќале долговите направени од 60 милиони луѓе при пад на работоспособно население.