Свет

Ердоган уапси нови 260 терористи кои подготвувале акции за нова година

Повеќе од 260 лица се уапсени во Турција за поврзаност со терористички организации, објави турските агенции. Меѓу нив, според Министерството за внатрешни работи, има 161 странци.

Според турските полициски и истражните органи, тие се приврзаници на религиозни екстремисти кои планирале напади за новогодишната ноќ.

Други 69 странски државјани се приведени од турските имиграциони власти под сомнение за поврзаност со конфликтните области, се вели во соопштението. За време на акциите, полицијата заплени оружје, експлозив и дигитални документи.

Турција редовно презема активности против припадниците на терористичката Исламска Држава. Организацијата презеде одговорност за неколку напади во последните неколку години, вклучително и во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул на новогодишната ноќ 2016 спрема 2017 година, кога 39 лица беа застрелани.

Поврзани вести

Back to top button