Ердоган: Суд на ЕУ почна со крстоносна војна против исламот

Објавено: четврток, 16 март 2017 во 15:25
Spread the love

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини денеска Судот за правда на ЕУ дека почнал „крстоносна војна“ против исламот по пресудата што дозволува европски компании да забранат вработените да носат верски или политички симболи вклучително и хиџаб.

– Судот на правдата на ЕУ почна крстоносна војна против исламот, рече Ердоган на митинг и запраша: – Каде е слободата на религијата?

– ЕУ, како не ти е срам. Долу со своите европски принципи, вредности и правда….Тие почнаа судир меѓу крстот и полумесечината, и нема друго објаснување, нагалси Ердоган. Тој додаде дека премиерот на Холандија Марк Руте изгубил пријателство со Анкара.