Ердоган и се заканува на Грција: Ќе заглавите во калта
Грција не ѝ е дорасната на Турција и ќе заглави во калта доколку се соочи со Анкара, изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој во говорот по состанокот во турскиот кабинет ја критикувал Атина за наводната милитаризација на островот во Егејското море.
Според неговите зборови, целта е конфронтацискиот став на Атина кон Турција да го попречува напредокот на земјата.
„Тоа е опасна игра за грчките политичари, државата и народот, како и за оние кои ги користат како марионети. Ни воените надградби ни политичката и економската поддршка не се доволни да ја кренат Грција на нашето ниво, туку тие погрешни чекори ќе ја вовлечат Грција во мочуриштето во секоја смисла“, предупредил Ердоган.
Ердоган го коментирал наводното разместување на дополнителни оружје на островите Лезбос и Самос. Медиумите во Турција минатата недела објавиле снимка која, наводно ја снимил турски дрон, а на која се гледа како од грчки брод се истовараат оклопни возила кои Вашингтон и ги донирал на Атина.
Ердоган ја обвинил Грција дека учествува во манипулации и ескалации и предупредил дека потенцијален судир со Турција би бил катастрофален за грчкиот народ.
Џорџа Мелони има таен план, го крие вистинското лице! Историчарка распали по идната премиерка, открила детаљ кој никој не го забележал
Шкотската национална партија побара независност на Шкотска, еден од аргументите им е Косово