Експертите предупредуваат на катастрофа: Ким Јонг Ун наскоро подготвува уште еден нуклеарен тест!
Најновите сателитски снимки укажуваат дека е можно Северна Кореја да се наоѓа во завршна фаза на подготовка за нова нуклеарна проба, тврдат денес американските аналитичари.
На снимките направени на 25. март, се гледаат четири возила и приколки со опрема на влезот во објектот за тестирање на нуклеарно оружје, “Пунгје-ри”, додека комуникациските кабли се разместени по земјата.
“Опремата веројатно била користен за иницирање на проба, собирање податоци од експлозијата и нивна анализа”, се вели во проектот 38 Север, на Американско-корејскиот институт на универзитетот Џон Хопкинс, пренесува AFP.
Истражителите забележале дека се испумпува вода и се ослободува за тунелот да биде сув за сместување на опремата за следење или комуникација.
“Комбинацијата од овие фактори силно укажува дека во тек се подготовки за тест, вклучувајќи и инсталирање на инструменти”, велат истражителите.
Минатата седмица и американската војска дошла до сличен заклучок по следењето на активностите во нуклеарните постројки во Северна Кореја.
Пјонгјанг минатата година извел две нуклеарни проби и лансирал повеќе ракети во рамките на настојувањето да развие ракета со долг дострел со нуклеарни боеви глави.