Избор на уредникотМакедонија

Екс директорот обвинуван за сексуално вознемирување работи како инспектор

Поранешниот директор на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, Перо  Арсеновски кој имаше скандалозно досие, по разрешувањето на почетокот од годинава, бил вратен на своето работно место, односно сега е инспектор за надзор на виското образование.

Информацијата на „Фокус“ ја потврдија и од Државниот просветен инспекторат, од каде објаснуваат дека Арсеновски бил вратен на претходното работно место.

-Согласно постојната законска регулатива работно место е во мирување за избрано или именувано лице, а по завршувањето на мандатот, лицето е вратено на претходното работно место. Со оглед на тоа што поседува лиценца за инспектор, ги исполнува законските услови во моментов е на работно место инспектор во oдделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти и студентските домови, велат од Државниот просветен инспекторат за „Фокус“.

Арсеновски беше разрешен на барање на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски со образложение дека за него имало бројни поплаки, како и дека со неговото однесување предизвикал бурни реакции во јавноста и нанел голема штета на училиштето.

ПОВЕЌЕ ВО ФОКУС

Поврзани вести

Back to top button