Живот

Една година не користам шампон, косата никогаш не ми била поздрава!

Во својот блог “Blue Jeans White Tea” се залага за враќање на природните методи за разубавување и одржување на хигиената, а вели дека животната промена не и донела само олеснување и подобар изглед, туку и значителна заштеда на пари.

Кејли работи маркетинг во една приватна компанија и често се среќава со клиенти, па уредниот изглед и е многу важен, а смета дека токму маркетингот и рекламите на луѓето им ја наметнале идејата за она што треба да го користат и купуваат за убавина.

Покрај шампон и регенератор, повеќе не користи и средства за стилизирање, како фен, пегла или фигаро. Пред овие методи немала некои посебни проблеми со косата, освен тоа што често ја рамнела и користила регенератор за да не и биде премногу оштетена, а тоа и ја мрсело косата почесто.

После осум недели немиење со шампон и регенератор имала криза бидејќи косата и била исклучително мрсна, но после тоа почнала да изгледа се подобро.

Користела кокосово масло и гел од алое вера за косата, но открива дека сега најдрага мешавина и е белата глина за миење на косата.

Поврзани вести

Back to top button