Живот

Еден месец не конзумирал шеќер и алкохол – Еве ги резултатите (ВИДЕО)

Младиот Холанѓанец, Саша Харланд, одлучил да спроведе интересен експеримент.

ishrana-620x350-27800-520x293

Цел месец не конзумирал шеќер и алкохол.

Во почетокот се борел со нервозата и честите промени во расположението со оглед на тоа дека шеќерот и алкохолот го смируваат организмот кој може бурно да реагира кога овие намирници ќе се исфрлат од секојдневна употреба.

Неговата исхрана се состоела главно од овошје и зеленчук, пилешко, риба, мешунки и семиња.

Дури по 25 дена се навикнал на новиот режим на исхрана, и потоа почнал да се чувствува добро и да има вишок на енергија.

Здравствената состојба му се подобрила, притисокот му се смалил од 135 на 125, холестеролот му се намалил за осум проценти, но и шеќерот во крвта значително се снижил.

Поврзани вести

Back to top button