ДУИ ги повлекла министрите од Владата поради објавените снимки од прислушуваните разговори
На вчерашната седница на Претседателството на Демократската Унија за Интеграција се донесе едногласна одлука сите Министри и Заменици-министри на ДУИ во Владата на Република Македонија, да поднесат неотповикливи оставки денес.
По тој повод од ДУИ денеска излегоа со писмено соопштение до јавноста во кое што се напоменува дека од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската Унија за Интеграција одигра конструктивна улога во насока на постигнување решение и даде клучен придонес за постигнување на договор во Скопје, со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата.
-ДУИ исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурните реформи што произлегуваат од Договорот, при што меѓу другото, се основа и институцијата на специјалниот обвинител со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушкуваните материјали и се инсталира широка Влада за имплементација на вонредни избори во земјата. ДУИ има инвестирано и дадено значителен придонес во овој процес, често и речиси секогаш на сопствена штета, но постојано за доброто на државата и општеството, затоа што веруваше со посветеност во процесот на реформирање на менталитетот и на институциите. Но, со жалење констатираме дека овој процес веќе е компромитиран, како последица на масовното нелегално прилушкување како и поради нивната понатамошна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во разни „Фабрики за афери”, велат од ДУИ.
Понатаму потенцираат дека процесот бил компромитиран како резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби за да се спречи девалвацијата на сите напори за да се воспостави заеднички систем за контрола и институционално истражување на содржината на прислушкувањата и ноесењето на одговорноста за злоупотреби.
-Овој наш чекор е продолжение на нашите енергични напори за демократија и еден реформиран општествен и политички систем, со што изразуваме и револт за прислушкувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите кои се произведуваат и монтираат дополнително со тенденција да ги оштетат и уриваат напорите за системски реформи. Од почетокот на откривањето на незаконските прислушкувања од страна на македонската опозиција Демократската Унија за Интеграција побара да се објавуваат сите автентични нелегални разговори што имаат врска со криминалот и злоупотреба на функцијата, но во невожмосност да се најдат такви материјали кои индицираат на корупција и криминал од страна на членовите на ДУИ, центрите кои се борат против ДУИ од 2002 година, произведуваат монтирани прислушкувани разговори кои апсолутно се неприфатливи и претставуваат низок и нечовечки метод на политички и лични напади. Од основањето на ДУИ и немоќта да ја ослабат абсолутната поддршка на граѓаните Албанци за Али Ахмети и ДУИ, одредени кругови произвeдуваат последователни афери и фалсификати, вклучувајќи фабрикувани досиеа, непостоечки коруптивни афери и монтирани разговори како последно средство за да ја срушат непоколебливата доверба на Албанците кон Али Ахмети и ДУИ и за да ослабне албанскиот политички фактор во Македонија, велат од партијата.
Од ДУИ овие објавувања ги оценија како целосно невистинити, монтирани и ги повикаа граѓаните да не станат жртви на, како што велат, криминалци и традиционално антиалбански центри кои уценуваат луѓе на јавниот живот, бизнисмени, политичари и други со создадени монтажи од разни Фабрики на Афери и кои преку овие бескрупулозни злосторства се обидуваат да го уништат процесот на демократизација од кој имаат корист сите граѓани.
-ДУИ бара од локалните институции, особено Министерството за Внатрешни Работи и Јавното Обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните материјали, а во исто време, како последица на институционалната слабост и политичките манипулации, ДУИ веќе не превзема никаква одговорност за излагањето на ситуацијата од институционална контрола и можноста за индивидуално спроведување на судот и правдата. ДУИ го повикува и Специјалниот Обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој има за цел да ги загрози јавните личности и да влијае на работата на оваа институција, која има законска одговорност за прислушуваните разговори, кои веќе се пласираат и се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот. Но, за доброто на општеството, процесот на системско реформирање ќе го спроведеме до крај бидејќи само спроведувањето на реформите ја прават оваа земја оддржлива и да не стане заложник на фабрикатори и инсталирање на подземјето во политиката, велат од партијата.