Избор на уредникотМакедонија
Дуа Липа објави карта на Голема Албанија со половина Македонија, Колозова не сфатила кај згрешила
Катерина Колозова, извршен директор на Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје, не сфаќа во што згрешила англиската пејачка со косовско потекло Дуа Липа, која се „прослави“ со карта на Голема Албанија во објавата на социјалните мрежи, во која е опфатена и половина Македонија?!
„Не сфатив кај згрешила Дуа Липа? Дека бара Србија да го признае Косово како држава? Па, да, нормално. Косово Е држава“, коментира Колозова.
„Ав – тох – тон придавка
(на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, твитна 24-годишната музичка ѕвезда од светски глас, чии родители во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна.