„Имаме конкретн имиња на луѓе кои не беа во Македонија, имаме податоци за заокружени ливчиња на лица кои починале. Еве, предлагаме да се провери кое било изборно место во Зајас и да се провери списокот на тие кои гласале. Нека се отворат кутиите и ако сите луѓе што гласале се тука, тогаш ние ќе го прифатиме изборниот резултат и нашите 12 пратеници ќе им ги дадеме на располагање на ДУИ. Но, ако има неправилности, ако повеќе гласови отколку што има луѓе во Зајас, тогаш барамео правда. Ние баравме избори, а не крадење.
И ова се случува 18 години по ред. Ете нека направат тест и ние им ги нудиме нашите пратеници на располагање. Ова се однесува и за Тетово, Сарај, Ласкарце, Бојане, Пласница, Чаир… имаме масовен грабеж на гласови. Жалам што надлежните институции го дозволуваат тоа и ги затвораат очите“, рече Таравари.