Домот на Рита Ора вреден 7,5 милиони фунти (ВИДЕО)
Пејачката Рита Ора го покажала како изгледа нејзиниот дом во Лондон вреден 7,5 милиони фунти.
Рита минатата година ја купила куќата од викторијанска ера со 6 спални соби, која изворно е изградена во 1877 година и оттогаш поминала низ низа реновирања за да изгледа онака како што изгледа денес.
„Изградена е во 1800-те години, изворно е во сопственост на илустраторот Артур Ракам, еден од моите омилени уметници. Тој ги креираше сите илустрации за Алиса во земјата на чудата, Црвенкапа… Куќата има многу добра и креативна енергија која ми е потребна и која ја почувствував веднаш штом влегов“, вели Рита.
Пејачката на обожавателите на „Architectural Digest“ им дала увид во импресивниот дом со удобен мебел, мирна градина и историски детали. Вели дека главната причина поради која ја купила куќата е историската важност и додала дека отсекогаш ја привлекувале домови со „стар дух“.
Горда на историјата на овој имот, Рита ја покажала украсената дрвена преграда која ја одвојува нејзината трпезарија од дневната соба за која вели дека постои откако куќата била изградена.
Во видеото е прикажан и гардероберот на пејачката, во кој има ѕид украсен со бејзбол капи и редови патики.