Живот

Доказ дека чудата постојат: Лекарите рекоа дека нема ни да се роди, а таа денес има 4 години

Четиригодишната Лидија е доказ дека чудата сепак постојат. Според докторите, малото бебенце се претпоставувало дека нема ни да се роди, а тоа денес има 4 години. Малото бебе е родено со тешко пореметување на мозокот, поради кое е родена со глава голема колку на возрасен човек. 

devojceeee

Бебето од Британија чии родители се 40-годишната Рут и 42-годишниот Пол, се сметало дека нема ни да се роди живо, а ако се роди се претпоставувало дека ќе живее неколку недели. Родителисе се решиле да го родат и чуваат бебето каква и да им е судбината, а малиот борец успеал да преживее 40 операции. нејзината дијагноза како што пишува британски Мирор е Алобарна холопрозенцефалија, која настанува поради неправилно развивање на мозокот во бременоста. Така, на бебето му се зголемува кората на мозокот, а со тоа главата се шири.

Иако денес не може да ги движи рацете и нозете, малата Лидија преживеала 40 операции и жива.

– Гледајќи како детето ви пати е најлошото можно нешто. Секој ден се будиме со тага дека можеби таа нема да го дочека петтиот роденден но не се откажуваме, велат родителите.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button