Додека правела кафе, кучето и го растргнало момчето во другата просторија

Објавено: недела, 3 јануари 2016 во 14:02
Spread the love

Питбулот на Џесика Хил го нападнало нејзиниот дваесетгодишно момче Лиам Хевистон кој искрварил до смрт, додека таа била во соседната соба.  Нејзиното момче боледувало од епилепсија, а таа смета дека нејзиното момче го нападнало токму во моментот кога он имал напад, додека она била во  кујната, каде правела кафе.

Liam-Hewitson-Jessica-Hill-2

-Премногу сум потресена за да кажам било што, го сакам Лиам и многу ми недостасува- изјавила Џесика.

Итната помош и полицијата веднаш пристигнале на местото на несреќата, Лиам веднаш е пренесен во Британската болница каде неколку часа подоцна починал.

После овој инцидент кучето е одведено во ветеринарна установа.

Многубројните роднини на Лиам, меѓу кои и неговите браќа споделиле на своите Фејсбук профили како многу го сакаат и како никогаш нема да го заборават.