Избор на уредникотМакедонија

Диви свињи од шумата се симнуваат во Скопје

Жители на скопската населба Црниче се жалат дека диви свињи се симнувале од шумата на Водно и досега биле регистрирани и неколку нападнати и повредени миленици, објави порталот ФАКТОР.

Како што објаснува граѓанин од населбата Црниче, кој барал да остане анонимен, досега се обратиле кај неколку надлежни институции, но епилогот на сите одговои што ги добиле бил само префрлање на топката и прогласување на сопствена недалежност.

– Живеам во населбата Црниче, под игралиштетето на Славија, повеќе од 30 години, но ова што во последните две години го гледам, досега го немам видено. Имено, повеќе пати се случувало да наидеме или да забележиме стада од диви свињи во ниските делови од шумата, кои се движат во непосредна близина на игралиштето на Славија и куќите. Токму таму постојано се присутни голем број на граѓани, но и деца кои играат на самото игралиште, или, пак, се движат нагоре по патеките поради рекреација, вели за Фактор жител на скопската населба.

Целиот текст може да го прочитате на ФАКТОР.

Поврзани вести

Back to top button