Џинови му помагаат на Ѓулен за да покорува толку многу луѓе, смета градоначалникот на Анкара

Објавено: понеделник, 25 јули 2016 во 10:20
Spread the love

Џиновите му помагаат на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен да покорува толку многу луѓе, изјави градоначалникот на Анкара, Малих Ѓокчек за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк по обидот за пуч во Турција.

На прашањето како може Ѓулен, кој од турските власти е обвинет дека стои зад обидот за преврат да контролира толку голем број луѓе, градоначалнкот одговори дека „веројатно исламскиот проповедник ги користи џиновите“.

– Може да ви звучам смешно, но тој тоа го прави на невообичаен начин. Ги покорува луѓето преку „оние со трите букви, рече Ѓокчек.

– Познато е дека многу луѓе се покорени, а потоа се спасени. Тој има способност да го прави тоа. Луѓето се хипнотизирани и покорувани, изјави Ѓокчек, кој е градоначалник на Анкара од 1994 година и непоколеблив приврзаник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.