Децата на богатите Албанци се расфрлаат со пари, народот врие
Друштвената мрежа Инстаграм последниве години стана идеално место за фалење со баснословно богатство, а по правило со парите се фалат наследниците.
Последен во низата е Инстаграм профилот “Богатите деца од Тирана” кој го прикажува расфрлањето на младите со мајкините и татковите пари, пишува Дејли мејл.
Меѓу другите фотографии може да се сретнат скапи часовници со вредност над 100 илјади евра закачени на воланот на луксузен автомобил, лабрадор кој се одмора на предниот дел од прескап автомобил “бентли”, мачка како си игра со долари, купишта пари наредени да служат како маса, хауба на ламборгини со албанско знаме.
Од оние со сексуални алузии има фотографии од тркалање на полугола девојка во расфрлани долари, девојка во долна облека во ферари, како и набилдано момче со многу шишиња скап шампањ како дреме во багажникот од едно ламборгини.
Кој не верува може да погледне на https://www.instagram.com/richkidstirana/.