Деца со аутизам ќе бидат секојдневна појава
Експертите прогнозираат дека ќе дојде време кога децата со аутизам ќе бидат секојдневна појава.
– Минатите години аутизмот го имаше, но во помал број. Сега енормно расте. Во стручните кругови тоа го нарекуваме феномен на дегенерација. Имајќи го предвид настанокот на аутизмот се потврдува тезата дека тоа е состојба или заболување на модерното време. Организмот и на родителите и на децата се значително ранливи. Што значи невролошката поставка и функционалност на децата е во лоша состојба. Од агенсите од секојдневието, кои се консумираат пред бременост, после бременост, цела една генерација се раѓа со ваква генетска предодредденост, вели Спасе Додевски, дефектолог-олигофренолог во изјава за МИА .
Според него, новите генерации се се поранливи и покажуваат функционирање што е кличничка слика за аутизам.
– Ќе дојде време кога децата со аутизам ќе бидат секојдневна појава, како дете родено со слаб вид, на пример. Неврологијата се однесува на тоа што импулсите од нервниот систем се извршуваат само на блиските центри. Оние центри кои се подалеку не комуницираат премногу. Тоа значи дека тие центри кои немаат дразба, односно не се функционално оптеретени, или многу малку ја извршуваат функцијата или изумираат. Тоа е аутизам. Нашата цел е да помогнеме во развој на овие центри, објаснува Додевски.
Дефектолозите аутизмот го делат на примарен, стекнат од раѓање и секундарен, што се појавува кон крајот на втората и почетокот на третата година од животот. Тогаш детето кое претходно комуницирало се повлекува во себе, станува емоционално индиферентно и не може да ги преведе шемите на однесување од секојдневниот живот. Најчесто вклучува само одредени механички искуствени форми или репетитивност, како вртење или плескање со раце.
– Детето со аутизам развојните фази од рано детство преку пубертет, емоционалните состојби ги доживува многу поинаку и покомплексно. Затоа е потребно работа со нив во континуитет, зашто и мало невнимание може да го врати назад дотогаш стекнатиот успех во работата со нив. Треба да се соработува и со другите стручнњаци со лекарите, педијатрите. Нивното ниво и соработка се базира на медикаментзона терапија која е неминовна. Со голема соработка може да се постигне повисоко функционално ниво. Последна цел е овие деца да знаат да се снајдат во едно оптимално ниво во една отворена средина. Да може да одат до продавница, да се снајдат во основните функции, да се описменат, да знаат да читат, истакнува Додевски.
Нема лек, нема метод кој ќе придонесе аутизмот да го нема, но со многу работа и соработка најмногу и од родителите, децата со аутизам може да стигнат до едно многу високо функционално ниво. Родителската суета, оценува докторот, е најголема, но родителите мора целата тага и енергија да ја насочат кон помош на децата преку стручна работа.
– Среќа во несреќа е што родителите почнаа од рано да бараат помош и консултации. Најчесто поради проблеми со говор или со неможност да се изговори одредена буква, но понекогаш зад тоа се кријат и симптмоите за аутизам. Ние како институција не даваме дијагнози, туку делуваме методолошки и во образовна сфера. Мој апел е родителите максимално да делуваат на време, бидејќи колку порано се откријат знаците ќе има поголем успех. Во периодот од 3 до 5-годишна возраст се развива до 50% од центрите. Значи од се она што би се развило до крајот на животот, половина се развива во овој ран период, објаснува Додевски.
Дефектолозите не го исклучуваат влијанието на вакцината врз појавата на аутизмот. Тоа го врзуваат со ранливоста на организмот.
– Ова е тема која е многу експлоатирана во Македонија, во Европа и во светот воопшто. На државни ниво не смее да се вклучуваме за некои оценки дали треба или не треба да се вакцинира. Ни ги гледаме структурните влијанија врз децата. Проблемот на дегенерација и ранливиот организам, на мајките, но и на децата, секако дека овозможува вакцината да има влијание. Таа е своевиден фактор кој делува на организмот. Некои организми се справуваат без последици, но некои не, зависи од нивото на ранливост. Се повеќе деца се ранливи, вели Додевски и додава дека во регионот, првпат видовме случај на двајца еднојајчани близнаци родени со аутизам.
Оттука, слабоста не се однесува на едно дете, се однесува и на близнаците.
– Сметаме дека вакцините би можеле да делуваат, но и да се најправилни и најквалитетни, може да придонесат за на одредена промена на аутизам. Голем број деца кои се од иста мајка може да бидат вакцинирани, а кај едното да се појави аутизам, кај другото не, вели Додевски.
Моментно во Струмица во трите посебни паралелки за деца со аутизам настава следат 13 ученици. Стручњаците преку Здружението на дефектолози на Република Македонија, сакат да се променат наставните програми и да се овозможи и стручно школо за оваа категорија граѓани, па дури и високо образование за лицата со аутизам со висока функционалност, следејќи ги европските стандарди.
Извор : vecer.mk