Деца на мигранти тепале момче од класот, бидејќи јадело свинско месо
Нашиот син е четврто одделение и постојано е малтретиран. Го измачувале, го тепале и шутирале, бидејќи е Германец. Му викале дека е германска свиња. Во неговото школо учат главно деца од мигранти”, вели мајката на момчето, пренесува “dnevnagazeta.rs”.
Сепак, ова не е единствен случај.
Семејство кое живее во мултикултурна населба во Берлин вели:” Навистина ни е убаво тука, имаме свој круг на пријатели, но нашиот син е постојано напѓан. Го тепаат децата на мигрантите, бидејќи јадел свинско месо. Најлошо од се е тоа што ние дома не јадеме месо, ние сме вегетеријанци”.
“Покрај големиот број на повреди кои ги добива секојдневно, нашиот син е турнат по скали и тепан во школскиот двор, некогаш и пред учителите”, додава мајката.
Момчето морало да остане и неколку дена во болница поради повреда на внатрешните органи.
Напаѓачите поминуваат со многу благи казни, бидејќи се малолетници.