Избор на уредникотСвет

Десничарите запалија Куран, па настана хаос: Ние не го сакаме Исламот во Норвешка! (ВИДЕО)

Десничарска организација најави и запали Куран во Норвешка, додека истовремено пристигнаа околу 500-тина контра-демонстранти, претежно мигранти-муслимани.

Норвешките десничари се судрија со „политичките неистомисленици“ за време на нивниот протест на 16-ти ноември оваа година, при што ја запалија исламската света книга Куран. Хаосот настана кога претставници на организацијата “SIAN” (Стоп за Исламот во Норвешка) го запалија Куранот, по што демонстрантите ги пробија барикадите.

Од организацијата и пред протестот најавиле палење на Куранот, а од локалната полиција им порачале дека нема да го дозволат тоа. Сепак, од “SIAN” најпрвин го фрлија Куранот во корпа за отпадоци и започнаа да го палат, по што интервенираше и полицијата.

„Куранот беше запален како што беше планирано. Можам да разберам дека за некои луѓе тоа е провокација, но јас не ја разбирам нивната реакција. Таквата реакција не припаѓа на едно напредно демократско општество“, изјави еден од членовите на “SIAN”.

Поврзани вести

Back to top button